Третата трка од овогодинешниот шампионат на Хрватска е закажан за 7 јуни на патеката Учка.
Вкупно има 78 пријави и се очекува повторно интересна борба како и на претходните две трки во Рабац и Малачка.

Во категоријата 1. покрај досегашните победници Синиша Краинц (Форд Ескорт) и Роберт Брадариќ (Воксал вектра) своја шанса да се најдат на првото место имаат и Борис Дурлен (Форд Ескорт) и Дејан Димитријевиќ (Голф).

Во категоријата 2. најголем фаворит за победа и во севкупниот пласман е италијанецот со хрватска лиценца Рикардо Ала со прототип.

Тренинзите се предвидени со почеток од 8.15 часот, а првото од двете возење кои ќе го одлучат победникот ќе започне во 13.14 часот.
Листа на пријавени:
http://www.haks.hr/pravilnici/09n-a02_ucka_prijave.pdf









