Тимот VAMA Formula 3000 ја продолжи сезоната со успешен настап на легендарната патека ECCE Homo во Штернберк, Чешка. Трката со повеќе од стогодишна традиција (првата трка е возена во 1905 година) по 8 километри долгата сложена патека ги привлече најдобрите европски натпреварувачи. Владимир Станковиќ кој само вторпат настапи на оваа патека со секое возење го подобруваше своето време и на крајот се пласираше на 9. место во генералниот пласман. Победата ја однесе Симоне Фаџоли од Италија, пред својот сонародник Фаусто Бормолини и домашниот натпреварувач Милош Бенеш.

- Иако 9. место е полошо од моите очекувања, со трката во Штернберк сум исклучително задоволен. Конечно ги решивме техничките проблеми што не следеа на претходните трки и во второто возење во недела постигнав одлично време. На така долга, брза и технички сложена патека, после само два тренинзи е речиси невозможно да се постигне подобар резултат. Мојот заостаток зад водечките беше мал и тоа ми дава надеж за уште подобри резултати до крајот на сезоната. Многу е важно што успеав да бидат побрз од главниот конкурент во отворениот шампионат на Австија, Херман Валди што ми донесе многу важни бодови – изјави Станковиќ веднаш по трката.
Тимот VAMA Formula 3000 и Станковиќ својот следен настап ќе го имаат на 28 јуни на уште една трка од европскиот шампионат на ридски патеки во Риети, Италија.
Онборд снимка:









