Со трката на патеката Црмница започнува сезоната 2009 од шампионатот на Црна Гора во автомобилизам на ридски патеки.

После неколку одложувања, АМСК Будуќност од Подгорица се нафати да ја организира трката на 4.307 метри долгата патека. Според најавите за прв пат ќе бидат поставени 3 шикани, за разлика од досегашните 2.
Победниците во генералниот пласман треба да се бараат во натпреварувачите со ЅТ возила, пред се минатогодишниот шампион Данко Бакрач (Воксал вектра), Милош Асановиќ (Хонда акорд) и повратникот Драган Милиќ (Ауди А4) кој имаше одлично деби на Водно.


Од другите класи секако внимание привлекува Дејан Булатовиќ (Пежо 306) кој ќе се обиде да биде побрз од конкуренцијата во ЅР класата, потоа Шкелзен Лајчи (Хонда сивик) во N-2000 и Мирко Вујачиќ (Пежо 106) во N-1400.


Во најмасовните класи популарно познати како „хибрид“ и „мали N“ ќе има исто така интересна борба за првото место.









