» Погледни двапати, спаси живот!
спонзор/и

“Погледни двапати, спаси живот“ е кампања на Здружението Гардиан Енџелс - моторциклисти ентузијасти, за подигнување на јавната свест која се однесува на сите учесници во сообраќајот . Фокусот е на превенција и намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои жртви се моторциклистите . Здружението ја отпочна својата кампања за поттикнување на свеста на сите учесници во сообраќајот во однос на моторциклистите. Најчестите случаеви се одземање на предноста, невниманието, неискуството на возачите или едноставно “его“.

pogledni2
Eве една мала порака до сите учесници во сообраќајот, како и потсетник дека и ние сме дел од сообраќајот!
1. Поради својата големина моторциклите изгледаат дека се движат побрзо од нивната реална брзина. Кога се приклучувате во сообраќајот, или на раскрсница, потребно е да се претпостави дека моторциклот е поблиску од тоа што изгледа.
2. Поради својата големина, моторциклот може лесно да биде сокриен од предмети кои се наоѓаат во автомобилот или надвор, како што се вратите на автомобилот, огледалата, патниците, растенијата покрај патот, оградите, мостовите, слепите точки итн. Потребен е екстра момент низ рутината да би го провериле добро сообраќајот, дали само го менувате правецот на движење од лента во лента или го менувате правецот на раскрсница.
3. Огледалата на моторициклите се помали и се обично конвексни, со тоа на моторциклистот му даваат помала слика на тоа што се случува позади него. Одржете најмалку три до четири секунди растојание доколку се наоѓате позади моторциклист.
4. Растојанието за сопирање за моторицклот е скоро исто како и за автомобилите, но лизгавите коловози го отежнуваат брзото сопирање и создаваат потешкотии при истото. Дозволете му на моторциклистот поголемо растојание затоа што секогаш нема да може да застане “на линија“.
5. Внимавај Моторцилист на патот – Активно внимавај на моторциклисти додека го управуваш возилото. Густиот сообраќај или скриените раскрсници можат да ви го намалат видното поле кое може да ја намали вашата способност да забележите моторциклист на патот. Запомни моторциклот е многу помал од другите возила, затоа потребно е да внимаваш на целата околина, константно.
6. Предвиди ги опасностите за моторциклистот – Имај го на памет моторциклистичкото гледиште. Бидете спремни да реагирате на слабите услови на коловозот, како што се одрони на патот и маслени наслаги, железнички премини или подигнати или отворени капаци на одводот на патот.
7. Секогаш погледни два пати за моторцилисти – Возачите потребно е да бидат посебно внимателни при раскрсниците и кога го менуваат правецот на движење во лево-свртување. Во тие случаи се случуваат најголем број сообраќајни несреќи. Уверете се дека Вашето внимание и преглед е на обете страни на патот.
8. Сподели го коловозот – Запомни дека секој учесник во сообраќајот, и моторциклистите го имаат тоа право да го користат во целост коловозот со цел да маневрираат да би избегнале разни опасности на истиот. Покажете им почитување на моторциклистите со тоа што ќе се држите на безбедно растојание
Затоа Ве замолуваме, ПОГЛЕДНЕТЕ ДВАПАТИ И СПАСЕТЕ ЖИВОТ !!!

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk