Релито во организација на францускиот Автомобилски клуб кое започна од Будимпешта (Унгарија) и преку Србија и Косово пристигна во Македонија, вечерва ќе преноќи во Скопје.
Колоната составена од триесетина стари колекционерски автомобили пристигна во главниот град денес, 1 јуни 2009 година, околу 2 часа подоцна од предвидениот термин. Пред хотелот „Александар палас“ учесниците беа пречекани од стотици вљубеници на овој вид автомобили.
За утре е предвидена и парада на автомобилите низ центарот на Скопје, а релито преку Грција и Италија ќе заврши во Франција.
Фото: С. Станков









