» Мото тура МАРИОВО 2009
спонзор/и

Од 5 до 7 јуни по втор пат ќе се одржи мото турата „Мариово“.

plakat
Група на моторциклисти - ентузијасти, под капата на здружението на граѓани Гардиан Енџелс, поттикнати од желбата за развој на мото туризмот, како и промовирање на културните, природни и духовни богатства на Македонија, во Октомври 2007 год. дојдоа на идеја за организирање на мото тура во еден од еколошки најчистите и најживописни предели на територијата на Македонија – Мариово.

dsc00662
По успешното одржување на турата во мај 2008 година и позитивните впечатоци на учесниците, организаторите за годинава ја дополнија програмата со што привлекоа уште поголем број учесници. На листата на пријавени се најдоа преку 200 мотоциклисти и совозачи од Австрија, БиХ, Бугарија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и секако Македонија.

strana-8-9

Предвидената програма на мото турата „Мариово 2009“ е следната.

Петок, 05.06.2009:
10.00-12.00 Пристигнување и пријавување на учесниците на плоштадот “Александрија” во Прилеп
12.00 Свечено отварање на мото турата
12.30 Брифинг околу возењето и оформување на колоната
13.00 Старт на турата – Прилеп - Мариово
14.00-15.00 Пристигнување во кампот, подигање и сместување
16.00 Забавна програма: Пиворидарење, турнир во мал фудбал-државни екипи, кратки утакмици
21.00 Прогласување на победниците (поделба на признанија и награди)

dsc00676

Сабота, 06.06.2009:
10.00 Организирана тура низ Мариовскиот предел со посета на попатни места со туринг водич (посета на с. Витолиште, с. Манастир, с. Крушевица,  с. Чаниште – организиран ручек за учесниците на Мото турата, Расимбегов мост – освежување)
16.00 Враќање во кампот
18.00 Мото игри (гимпкана, bite the weenie, push the barrel…)
20.00 Прогласување на победниците на Мото игрите (поделба на награди)
21.00 Забавно-културна програма (предгрупа Beavis & Butthead ака Баже & Томас, караоке шоу,  акустичен поп-рок бенд, гостин-изненадување на Мото Тура Мариово 2009, Чалгиски оркестар…..)

dsc00678

Недела, 07.06.2009:
Будење со утринско кафе, расформирање на кампот, средување на околината од аспект на еколошка чистота
11.00 Тура: Мариово – Прилеп (плоштад “Александрија” во Прилеп)
12.00 Свечено затворање на Мото Турата (Поделба на групни признанија, благодарници на донаторите и спонзорите)

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk