» Милиќ најбрз на Црмница
спонзор/и

Драган Милиќ (Ауди А4) се врати на црногорските ридски патеки со победа. Тој беше најбрз на првата трка сезонава на патеката Црмница во генералниот пласман после двете возења. Второто место му припадна на минатогодишниот шампион Данко Бакрач (Воксал вектра). Третиот конкурент со ЅТ возило, Милош Асановиќ (Хонда акорд) поради проблеми со возилото се откажа на стартот од првото возење. Тоа му овозможи на Симо Раичевиќ (Алфа ромео 147 ЅР) да се искачи на третото место на подиумот.

img_0970
Во најбројната прва класа позната и како „мали N“ убедлив беше Миомир Гргуревиќ, во втората класа исто така наменета само за популарните југовци победи Жарко Узелац со минимална предност од 0,477 секунди пред Слободан Мугоша.
Мирко Вујачиќ (Пежо 106) во N-1400 по одличниот настап на Водно, ја продолжи победничката серија, а и ниту излетувањето на саботните тренинзи не го спречи Божидар Јаблан да победи во класата Н-1600 и да заврши на петтото место во генералниот пласман.
Во останатите класи победи забележаа: Шкелзен Лајчи (N-2000), Вељко Станишиќ (А-1400), Владан Машановиќ (А-1400), Слободан Лијешевиќ (Н-1400) и Петар Михаљевиќ (Н-2000).

img_0966

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk