» Брадариќ повторно најбрз
спонзор/и

По победата на минатата трка во категоријата 1., овој пат Роберт Брадариќ (Воксал вектра) триумфираше во апсолутен пласман на трката „Учка 2009“ во рамките на шампионат на Хрватска на ридски патеки.

ucka2009_v
Секако голем удел во победата имаше мократа патека која не им овозможи на болидите од категорија 2. да ги прикажат максималните можности. Зад Брадариќ кај автомобилите завршија Борис Дурлен (Форд Ескорт) и Дејан Димитријевиќ (Голф). Најголем губитник на натпреварот е Синиша Краинц (Форд Ескорт) кој водеше по првото возење, но поради проблеми со возилото не успеа да стартува во второто возење.

_dsc9258
Најуспешен во категорија 2. беше Игор Гауш (Опел Лотус), а воедно тој го освои и третото место во генералниот пласман на трката. Фаворитот за победа, италијанецот со хрватска лиценца Рикардо Ала не успеа да стартува на трката по проблемите што ги имаше на утринските тренинзи.

Комплетни резултати можете да најдете на
http://www.leprinka.hr/brdoucka2009/08.html

Следната трка е предвидена за 12 јули во Чабар.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk