» Водно 2009 – Ден за рекорди
спонзор/и

Најсветла точка на меѓународниот натпревар на ридски патеки на Водно изминатиот викенд беа секако натпреварувачите. Својата супериорност од минатата година ја потврди Црногорецот Фрањо Кунчер (формула 3 – Нисан колони) со за нијанса поспоро време. Зад него се пласираа победниците по групи:
-    Е1: Драган Милиќ (Црна Гора) – Ауди А4
-    Н: Петер Јурена (Словачка) – Митсубиши лансер
-    А: Ласло Хернади (Унгарија) – Митсубиши лансер

Најдобро пласиран наш натпреварувач беше очекувано Крсте Трајковски (Фиат ритмо) на петтото место. Тој го постигна и новиот македонски рекорд на „кратката“ патека со должина од 3.500 метри кој сега изнесува 2:03,72 минути.
Победникот во групата СП беше исто така Црногорец, Дејан Булатовиќ со Пежо 306 кој заврши на 8 место во генералниот пласман.
Во македонскиот шампионат карактеристично е тоа што беа соборени рекордите во сите 5 класи во кои имаше натпреварувачи. Новите македонски рекордери по класи соодветно се: Виктор Давидовски (АК Пауер спорт), Владимир Тренески (АКК Свифт рејсинг), Крсте Трајковски (АКК Никола Карев), Никола Порданов (АКК Макпетрол) и Ѓорѓи Данилов (АКК Макпетрол). Кај клубовите најдобар беше АК Пауер спорт од Скопје.
Следниот натпревар од шампионатот на ридски патеки е закажан за 28 јуни и истиот за првпат ќе се бодува во рамките на Централно-европската зона.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk