» Устецка 21 – 2009
спонзор/и

Викендов во Чешка ќе се одржи меѓународна ридска трка која меѓу другото се бодува и за неколку шампионати под закрила на ФИА.
Во листата на пријавени се најдоа 83 натпреварувачи од Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Швајцарија, Шпанија и секако домаќинот Чешка.
Најголеми фаворити за првото место во генерален пласман се минатогодишниот победник, Словакот Јарослав Крајчи и домашните адути Душан Неверил, Отокар Крамски и Милан Свобода.
Сепак тешко е да се очекува дека ќе можат да го соборат досегашниот рекорд 1:47,39 што го постигна во 2005 година Андер Виларино од Шпанија.

img_6310
Патеката е долга 3.650 метри, со минимална ширина од 6 метри и висинска разлика од 209 метри.
Боите на натпреварувачите од бившо-југословенските простори ќе ги брани единствено Хрватот Горан Сертиќ кој годинава редовно ќе настапува на трките од ФИА ЦЕЗ шампионатот во групата А со Рено клио.

_dsc0271

Комплетната листа на пријавени ја има на
http://www.ustecka21.ic.cz/Infoservis/2009/dokumenty/ustecka21-pspj.pdf

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk