Мото клубот Цобо спорт од Скопје и Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 03.05.2009 година се организатори на втората трка од Шампионат на Македонија за скутери во 2009 година на патеката во Волково крај Скопје.
Со оглед на интересот кој го пријавија возачите на првата трка и интересната борба за пласман на подиумот очекуваме повторно возбудливи и неизвесни трки.
Слободните тренинзи започнуваат во сабота 02.05. од 10 часот. Квалификациите се предвидени за недела 03.05. од 11:00 часот, додека трката која се состои од 20 кругови ќе започне во 13:00 часот. Натпреварувачите се поделени во две класи: до 80 ссм и до 150 ссм.









