На патеката Севница викендов се одржа првата трка од шампионатот на Словенија на ридски патеки за сезоната 2009.
На стартот од трката се појавија само 35 возила, иако трката беше од меѓународен карактер. Главниот фаворит Владимир Станковиќ со својата Рејнард формула 3000 ги оправда очекувањата и убедливо победи во генералниот пласман пред Италијанецот Марието Налон и сонародникот Марјан Смрдељ (обајцата Лола зитек формула 3000).
- Задоволен сум од победата во својот јубилеен настап, меѓутоа за жал не успеав да го соборам апсолутниот рекорд на патеката. Повторно имавме технички проблеми со болидот кој не следат од почетокот на сезоната и не успеав да прикажам 100% од можностите на формулата. Сакам да им се заблагодарам на сите од мојата придружна екипа за поддршката и секако заедно ќе ја прославиме првата победа со Рејнардот (вкупно 70.) во 200. настап – изјави на крајот Станковиќ.
Кај автомобилите, Сашо Хорват во премиерниот настап со новоподготвеното Мицубиши Лансер беше побрз од конкурентите со исто возило, Санди Бох и Унгарецот Ласло Хернади. Публиката виде уште еден одличен настап на Алеш Прек кој заврши како седми во генералниот пласман.









