Владимир Станковиќ (Словенија) во својот втор настап со новата формула 3000 покажа дека годинава постојано ќе биде во конкуренција за највисок пласман.

Имено тој на 3,7 километри долгата патека во Ст. Антон во Австрија по првото возење оствари апсолутно најдобро време пред Херман Валди (Австрија) и Ласло Сас (Унгарија). На трката беа предвидени 3 возења, од кои збирот од двете најдобри времиња одлучуваше за конечниот пласман. Во второто возење најбрз беше Сас, а истото го повтори и во третото возење. Станковиќ поради проблеми со формулата не стартуваше во третото возење и на крајот мораше да се задоволи со третото место.

- Со својот настап и со можностите на мојот нов болид сум задоволен, иако поради мали технички проблеми ја испуштив победата. Се работи за „детски болести“ кои една по една ги отстрануваме. Најважно од се е дека полека се навикнувам на болидот и првата победа е прашање на време – беа првите зборови на Станковиќ после трката.
Следниот настап тој ќе го има на 24 мај на трката во Севница, Словенија каде ќе го забележи својот 200 јубилеен настап во дведецениската кариера.
Онборд снимка од настапот на Станковиќ може да погледнете на
http://www.youtube.com/watch?v=eQV142RbfkM
Комплетни резултати на
http://doeb.at/mic-scheibbs/Ergebnisse_2009/Offizielles_Ergebnis_nach_3_Rennlaufen.pdf









