Безбедносното возило Seat Leon Cupra TDI WTCC после неодамнешната презентација имаше успешно претставување и го одработи првите километри на меѓународната трка на ридски патеки „Рабац-Лабин 2009“.
Следна активност на безбедносното возило беше трката на мотори во рамките на Алпе Адрија купот која се одржи на Гробник на 10 мај.
Поради неколкуте излетувања и откажувања, возачот Александар Рајков во повеќе наврати излегуваше на патеката за да ја предводи колоната мотори. И покрај големата жештина новиот Леон без проблеми го положи првиот испит на кружни патеки.









