» Прек повторно несовладлив
спонзор/и

Во Севница изминатиот викенд се одржа воведната трка од словенечкиот шампионат на ридски патеки. Алеш Прек по втор пат настапи на оваа технички сложена патека и остави одличен впечаток освојувајќи го првото место во класата 2 од домашниот шампионат. Прек беше најбрз како на тренингот, така и на трите неделни возења чиј збир одлучуваше за конечниот пласман.
Покрај тоа повеќекратниот словенечки шампион го освои 3. место во категоријата на автомобили зад сонародниците Хорват и Бох, а исто така победи во групата Н од меѓународното челенџ првенство.

ales_prek_1
- Се одеше според планот во текот на целиот викенд. Иако е поставена нова асфалтна подлога, мислам дека сега патеката не е побрза. И покрај тоа успеав да го подобрам своето минатогодишно време за 3 секунди и сум многу задоволен од својот настап. Доколку би настапил со нови гуми, би можел уште да го симнам најбрзото време. Со оглед на тоа што годинава во словенечкиот шампионат се возат заедно групите Н и А, конкуренцијата беше далеку посилна и морав во секое возење да го пружам својот максимум.
Следниот настап на Алеш Прек го очекуваме на 6 јуни на трката во Еце Хомо (Чешка) од европскиот шампионат на ридски патеки каде повторно ќе се обиде да оствари место на подиумот после 3. место на трката во Рекберг, Австрија.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk