Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ од Скопје има чест да Ве извести дека францускиот Автомобилски клуб организира рели на стари автомобили, кое тргнува од Будимпешта (Унгарија) и низ Србија, Косово, Македонија, Грција и Италија ќе заврши во Франција.

Релито на старите колекционерски автомобили ќе пристигне во Скопје во понеделник, 1 јуни 2009 година пред хотелот „Александар палас“ околу 17.30 часот, кога возачите ќе може да се сретнат со посетителите.
По средбата, предвидена е парада на автомобилите низ центарот на Скопје.










