» Најава Севница 2009
спонзор/и

Во недела, 25 мај на патеката Севница ќе се одржи првата трка од шампионатот на Словенија на ридски патеки за сезоната 2009.
Ако се суди според бројот на пријави – севкупно 43 во кои спаѓаат и 13 возила од категоријата на историски возила, Словенците ги очекува сиромашна сезона.
Главен фаворит за победа во генералниот пласман ќе биде домашниот натпреварувач Владимир Станковиќ кој од оваа година настапува со формула 3000 болид на Рејнард и со оптимизам ја очекува трката:

dsc_01781

-    Тринеделениот одмор го искористивме за поправка на малите технички потешкотии со кој се соочивме на првите две трки. Очекувам пред домашната публика да ги прикажам сите можности на болидот, да победам во апсолутниот пласман и да го соборам досегашниот рекорд (1:53,55 на Јарослав Крајчи од 2005 година – н.з.) на кој се приближив изминатите години.
Трката во Севница ќе започне со трите тренинзи во сабота од 13.30 часот, а првото од трите возење во недела ќе започне во 10.00 часот. За конечниот пласман се зема во предвид збирното време од трите возења.

Комплетна листа на пријави:
http://ss1.spletnik.si//000/000/133/4fa/Lista_prij%20I.%20_09.xls

img_6167

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk