» Mотокрос Орман 1, 2009
спонзор/и

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во организација на МК Вардар во недела на 17 мај на патеката во Орман крај Скопје се одржа вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2009
По сончево време и 2.000 публика вкупно учествуваа двесеттина натпреварувачи. Во најмалата класа до МХ85 првото место по двете возења го освои минатогишната шампионка Фетије Елези (МК Вардар), пред Антонио Дејановски (МК Бутел) и Стојанче Анчевски (МК Вардар). Елези е водечка во генералниот пласман на оваа класа после победата и на првата трка во Старо Негоричане.

18052009004
Во втората класа Христијан Илиоски (МК Пелистер) немаше посериозна конкуренција и покажа зашто е водечки во класата МХ2 од Источно-Европскиот шампионат. Втор во македонскиот шампионат беше водечкиот во генералниот пласман Благојче Спировски (МК Гоко), а подиумот го дополни и третиот Битолчанец Зоран Каранфиловски (МК Пелистер).
Во најсилната класа МХ1 најуспешен беше Ердин Касумовиќ (МК Вардар) пред минатогодишниот шампион во МХ2, Дарко Дејановски (МК Бутел) кој води во генералниот пласман, а третото место го освои Арун Меховиќ (МК Вардар).
Третиот натпревар од оваа сезона е планиран за 7 јуни на патеката Рибник крај Штип.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk