Под покровителство на Општина Старо Негоричане и Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во организација на МК Вардар на 3 мај на патеката покрај Манастирот Забел во Старо Негоричане се одржа првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2009.
По сончево време и 2.000 публика вкупно учествуваа 17 натпреварувачи. Во најмалата класа до МХ85 првото место по двете возења го освои минатогишната шампионка Фетије Елези (МК Вардар), пред Антонио Дејановски (МК Бутел) и Дејан Серафимовиќ (МК Вардар).
Во втората класа МХ2 во отсуство на Христијан Илиоски (МК Пелистер) кој настапи на меѓународна трка во Грција, победата ја однесе Благојче Спировски (МК Гоко). Зад него се пласираа Драган Ванов (МК Вардар) и Стефан Денковски (МК Соколи).
Во најсилната класа МХ1 најуспешен беше Мирче Ќорнаков (МК Спортинг) пред минатогодишниот шампион во МХ2, Дарко Дејановски (МК Бутел), а третото место го освои Арун Меховиќ (МК Вардар).









