» Титулата ми е императив
спонзор/и

Александар Ѓорѓевиќ и во годинешниот шампионат ќе настапува со добро познатиот Рено клио вилијамс, со кој беше шампион во генералниот пласман во 2007 година на ридски патеки. Минатата година мораше да се задоволи со вицешампионската титула. Единствена промена е во надворешниот изглед на автомобилот, овој пат препознатливата небесно сина е заменета со бела боја.

photo-0626
-    Ја започнувам оваа сезона многу поподготвен. Очекувам да повторно да ја освојам титулата во класата 5 и да ги подобрам личните рекорди на сите патеки на кои ќе настапам. Покрај во македонскиот шампионат ќе настапам и на неколку меѓународни трки, а засега се сигурни Бор (Србија) и Ловќен (Црна Гора). Голема благодарност до моите спонзори, а по успешната соработка во 2008 година останувам да ги бранам боите на АК Пауер спорт од Скопје - изјави Ѓорѓевиќ.

img_8948
Првиот настап на Ѓорѓевиќ го очекуваме викендов на меѓународната трка „Водно 2009“.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk