Михајло Лазаревски викендов ќе има „огнено крштевање“ на тркачките патеки. Тој ќе дебитира на првиот натпревар од сезона 2009 што се одржува на патеката Водно крај Скопје. Ќе настапува во класата 1 со шампионското југо на Влатко Наковски од 2007 година.

- Со настапот на Водно ќе ми се оствари една голема животна желба. Пред се очекувам да се прикажам во добро светло на публиката. Пласманот и постигнато време не ми се во преден план бидејќи ми е ова прва трка и треба да се привикнам на возилото. Голема благодарност до сите што ми помогнаа и се надевам дека нема да ги разочарам, сепак потекнувам од населба во која се родени многу македонски авто шампиони. До крајот на сезоната планирам да настапам на сите натпревари од ридскиот и кружниот шампионат на Македонија - во еден здив ни изјави Лазаревски, член на АК Про спорт од Скопје.

Pungas.com.mk му посакува успешно деби и кариера на Лазаревски.










GO GO GO SERT, GO GO GO Miki!