Меѓународна ридска трка „Устецка 21“ викендов се одржа во Чешка и покрај за домашното првенство се бодуваше и за неколку шампионати под закрила на ФИА.
На трката настапија 67 натпреварувачи од Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Шпанија и домаќинот Чешка.

Саботата беше резервирана за шампионатот на Чешка на ридски патеки. На дождливото време Милош Бенеш (Чешка) ги изненади фаворитите сонародникот Отокар Крамски и Словакот Јарослав Крајчи и победи со минимална предност од 0,39 секунди пред Крамски. Сите тројца настапија со формула 3000 болиди. Најголем губитник ќе остане Дан Михл (Опел Михл) кој по првото возење имаше голема предност од 4,5 секунди пред Крамски, но за жал поради технички проблеми неможеше да стартува во второто возење. Така кај автомобилите најбрз беше Јаромир Мали со Субару импреца, група А.

Неделата помина во знакот на Крамски кој не дозволи уште едно изненадување и убедливо победи пред Бенеш и Шпанецот Оскар Ариас Паласио со прототип БРЦ. Кај туристичките возила и во групата А победи Вацлав Јаник, а во група Н Силвестр Микулаштик двајцата со Субару импреца, во група СП прв беше Јиржи Лос Јуниор, а во Е1 во отсуство на Михл триумфираше Мартин Рубничек со Шкода фелиција пик-ап. Така сите трофеи за првопласираните останаа во рацете на домашните натпреварувачи.

Единствениот натпреварувач од бившо-југословенските простори, Хрватот Горан Сертиќ успеа да стигне до четвртото место во групата А со своето Рено клио.
Комплетни резултати
http://p.autosportmedia.eu/vysledky.asp?id=05e11881-a621-48fb-8221-e04d17c0cab1&d=N










