Италијанскиот натпреварувач Рикардо Ала кој настапува со хрватска лиценца е апсолутен победник на меѓународната трка на ридски патеки„12. Награда Малачка Св. Дујам 2009“. Ала зад себе ги остави повратникот на патеките Нико Пулиќ и Бранимир Радиќ (двајцата со формула 3).

Во категоријата на автомобили во својот прв настап годинава триумфираше Роберт Брадариќ (Воксал вектра), пред Мирослав Јосиповиќ (БиХ /Опел вектра) и Дејан Димитриевиќ (Голф).
Покрај за шампионатот на Хрватска, трката се бодуваше и за шампионатот на Босна и Херцеговина, а настапија вкупно 85 натпреварувачи.
Комплетни резултати можете да најдете на
http://adriatic-timing.com/index.php?option=com_docman&task=cat_view&gid=77&&Itemid=26









