Еден од најтрофејните македонски натпреварувачи во автомобилизам, Крсте Трајковски прв од нашите ќе ја отвори сезоната 2009. Тој ќе настапи на првата трка од шампионатот од Централно-Европската зона на ридски патеки што ќе се одржи викендов во Хрватска.

На листата на пријави се најдоа 93 учесници од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Словачка, Унгарија и Хрватска.
Во неговата класа до 1.600 ссм има 6 пријавени, а во групата Е1 вкупно 39 натпреварувачи.
На Трајковски ова му е второ учество во Хрватска со новоподготвениот Фиат ритмо по минатогодишниот настап на трката за Европскиот шампионат на ридски патеки во Бузет. На таа трка немаше среќа со автомобилот, меѓутоа веќе на следниот настап на Водно Трајковски успеа да постигне македонски рекорд.

PunGas.com.mk и PunGas.com директно на лице место ќе го следат и ќе известуваат за настапот на Трајковски на меѓународна трка „7-ма награда Рабац-Лабин 2009“.









