» Промовирано безбедносно возило
спонзор/и

Денеска во Загреб, Александар-Саша Рајков пред медиумите го промовираше новото безбедносно возило Seat Leon WTCC Replica.
Се работи за подобрена верзија на Seat Leon FR TDI на која стручниот тим за тјунирање од Порше Интер Ауто од Загреб му постави спортски овес и го спушти за дополнителни 5 см; намести се алуминиски фелни од 18 цола со пневматици 225/40 R18; како и дистанцијали на предната и задната осовина; нов издувен систем; надворешен кит на оптички тјунинг; би-ксенон светла и WTCC Replica боја. Цената на вака подготвеното возило во Хрватска е околу 28.000 евра. Четири цилиндарскиот дизел мотор од 1968 ссм развива 210 коњски сили, а забрзувањето од 0 до 100 километри на час е 7,9 секунди.
Крај возилото беше и Доротеа Радош која во пред 2 месеци беше избрана за Интернационална мис на автомото спорт за 2009 година. Покрај останатите гости на промоцијата присуствуваше и Марин Чолак, хрватскиот натпреварувач во WTCC серијата.
Своето деби безбедносното возило ќе го има веќе овој викенд на меѓународната ридска трка „7-ма награда Рабац-Лабин 2009“.

Галерија од промоцијата:

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk