» Одличен настап на Крсте Трајковски на „Рабац Лабин 2009“
спонзор/и

Македонскиот повеќекратен шампион Крсте Трајковски на првата трка од шампионатот од Централно-Европската зона на ридски патеки што викендов се одржа во Хрватска во генералниот пласман го освои 12. место, додека во групата Е1 беше шести и освои 6 бодови.
Трката се состоеше од 2 возења, а настапија вкупно 73 натпреварувачи. Трајковски одлично се снајде по лошото време и силниот дожд и стигна до 8 најдобро време. На првото место беше Словакот Јурена (Мицубиши лансер) пред хрватскиот двоец Дурлен и Краинц (двајцата со Форд ескорт косворт). Мократа патека не беше сојузник на натпреварувачите со формули, па така Радиќ не ни стартуваше, додека Налон имаше излетување, за среќа без никакви последици по него. Болидот беше со видливи оштетувања на предниот спојлер и десното предно тркало.
Второто возење донесе многу возбудувања и контроверзии. Дождот стивна и без поголеми трката се приближуваше до последните десеттина учесници. Но, после возењето на Грчиќ (Хрватска, Ланчиа делта интеграле) дури на 13 од 17 кривини на мократа патека се најде маслото кое го испушташе неговиот автомобил. Организаторите реагираа со талк, но прекинот траеше предолго – подолго од еден час, а патеката беше се посува и посува. Тогаш Краинц кој беше еден од последните кој го заврши второто возење, побара да му се дозволи повторен старт поради комплетно изменетите услови на патеката. Директорот го одобри неговото барање и побара целата група Х/Е1 да се врати на старт и да го повтори возењето. Според правилата, тие немаа право да ги заменат гумите и да постават сликови, како и немаа можност да долеат гориво. Со негодување реагираа повеќето натпреварувачи и единствено Краинц се спушти за повторен старт што на крај се покажа клучно за неговата победа. Останатите 27 кои одбија да стартуваат повторно останаа без пласман на трката.
Трајковски веќе беше во предстартен простор и мораше да настапи со гуми за дожд и поради тоа го расипа својот пласман.
На крајот во категорија 1 најбрз беше Краинц, пред Дурлен и Јурена, додека во категорија 2 со одлична проценка на временските услови и избор на гуми, Миљевиќ (БиХ / Опел Лотус) направи пресврт и убедливо труифираше пред Гауш (Хрватска / Опел Лотус).
Следната трка од шампионатот од Централно-Европската зона на ридски патеки ќе се вози на патеката Водно крај Скопје на 10 мај.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk