Македонскиот мотокросист Христијан Илиоски (17 години) како претставник на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) успеа да победи и во двете возења на третата трка од во мотокрос која се одржа на 19 април на патеката Хезарфен крај Истанбул, Турција. 
Искористувајќи го искуството од историската трка за светскиот шампионат која се одржа на истата патека една недела претходно, Илиоски возеше порезервирано на слободните тренинзи и квалификациите и го имаше 2. најдобро време во класата МХ2.

Во двете возење ја покажа својата супериорност оваа сезона во Источно-Европскиот шампионат и повторно извојува победи. Така, Илиоски останува со максимален учинок од 150 поени и убедливо води пред своите конкуренти во класата МХ2, како и во МХ2 јуниор.

Патеката била одлично подготвена и организацијата била на високо ниво. Следниот натпревар е веќе на 26 април во Кишињев, Молдавија.









