» Фаусто Бормолини на тронот
спонзор/и

Со трката која се одржa во Рекберг, Австрија започна сезоната 2009 на ридски патеки од европскиот шампионат, европскиот шампионат на историски возила и австрискиот шампионат. На трите тренинзи и две возења чиј збир го даде конечниот победник се појавија вкупно 181 натпреварувач од Велика Британија, Германија, Италија, Словачка, Словенија, Унгарија и домаќинот Австрија.
Севкупен победник на трката е Италијанецот Фаусто Бормолини, пред Словакот Јарослав Крајчи и својот сонародник Рензо Напионе.
img_6414

Словенецот Владимир Станковиќ настапи со нов болид и по првото возење беше 4., но по второто падна на 6. зад Отокар Крамски (Чешка) и Јерг Вајдингер (Германија).
Веќе легендарниот Георг Пласа (Германија) со своето БМВ немаше конкуренција кај „туристичките автомобили“. Уште повеќе го подобри досегашниот рекорд на патеката во оваа категорија за цели 6 секунди и се чини дека во иднина единствено тој би можел да го загрози. Пласа заврши како 7. во генералниот пласман пред Чехот Милан Свобода и одличната Австријка со унгарска лиценца Бианка Штајнер.
Ханс-Петер Лабер успеа во второто возење да го надмине Феликс Паилер и да слави во австрискиот шампионат. Другите двајца фаворити Херберт Прегартнер (Порше 911) и Андреас Габат (Форд Габат Косворт) не успеаа да остварат пласман поради дефекти на своите возила.
Одличен впечаток остави и Алеш Прек (Словенија) кој успеа за 4 секунди да го поправи досегашниот рекорд во класата N-2000, а со тоа и да биде побрз од натпреварувачи со многу посилни возила. На крајот заслужено се закити со пехар за 3. место во групата N.
Убавото време и големиот број возачи на 5.050 метри долгата патека привлекоа 30.000 публика од Австрија и соседните земји.
Следната трка од шампионатот на Европа на ридски патеки е предвидена за 10 мај во Сера да Естрела, Португалија.

Комплетните резултати може да ги најдете на

http://www.global-sportservice.at/rechberg09/

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk