» „Светска премиера“ за Христијан Илиоски
спонзор/и

Најдобриот наш мотокросист Христијан Илиоски (17 години) како претставник на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) ќе влезе во историјата на македонскиот мотоциклизам како прв натпреварувач кој настапил на трка за светско првенство. Имено, Илиоски ќе настапи на третата трка од годинешниот светски шампионат во мотокрос која ќе се одржи на 12 април на патеката Хезарфен крај Истанбул, Турција.
Тој одлично ја почна сезоната со максимални 4 победи на двете трки (Јаница - Грција и Гевгелија – Македонија) кои се одржаа во рамките на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во текот на март оваа година.
Иако без спонзори, Илиоски со помош на МФМ ќе учествува на квалификациите. Најдобрите 40 натпреварувачи од неговата МХ2 класа ќе настапат и на двете предвидени трки.
ilioski_21

- Иако не се подготвував за настап во Хезарфен, штом ми се укажа можност го прифатив предизвикот и ќе го дадам својот максимум да остварам што подобар резултат и во најдобро светло да го претставам македонскиот мото спорт и Република Македонија. Немам настапувано на оваа патека, а оваа трка ќе ми биде добар тренинг за третиот натпревар од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која ќе се одржи на 19 април. Оваа сезона сум концетриран на настапите во регионалниот шампионат каде што сум водечки во генералниот пласман. За жал не постои интерес помеѓу спонзорите да ги помогнат моите настапи, инаку желба ми е во 2010 година да настапувам само во светскиот шампионат – изјави Илиоски пред тргнувањето за Турција.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk