» Трка на скутери – 04.04.2009 година
спонзор/и

Мото клубот Цобо спорт од Скопје и Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 04.04.2009 година се организатори на првата трка од Шампионат на Македонија за скутери во 2009 година на патеката во Волково крај Скопје.
Со оглед на интересот кој го пријавија возачите на скутери минатата година на натпреварите од брзински мотоциклизам, МК Цобо спорт се пријави за организација на првата официјална трка на скутери по пауза од 10 години.
Според првичниот календар трката требаше да се одржи на 21.03.2009, меѓутоа поради обилните врнежи од снег не постоеа елементарни услови за одржување на натправарот и жири комисијата одлучи истиот да се одложи. Се надеваме дека викендов времето ќе овозможи натпреварувачите да го покажат своето знаење и да победат најдобрите.
Слободните тренинзи започнуваат во петок 03.04. од 13 часот. Квалификациите се предвидени за сабота 04.04. од 10:30 часот, додека трката која се состои од 15 кругови ќе започне во 12:30 часот. Натпреварувачите ќе бидат поделени во две класи: до 80 ссм и до 150 ссм.
Досега се пријавија 20 натпреварувачи, а за најдобрите организаторите обезбеди и дополнителни награди: јакни, кациги и друга мотоциклистичка опрема.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk