» Панов и Јовановски први победници
спонзор/и

klasa80_4По сончево време мото клубот Цобо спорт од Скопје и Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 04.04.2009 година ја организираа првата трка од Шампионат на Македонија за скутери во 2009 година на патеката во Волково крај Скопје.

Натпреварувачите беа поделени во две класи: до 80 ссм и до 150 ссм и возеа одделно. Прво настапија учесниците од втората класа. Од почетокот до крајот трката је водеше најдобриот од квалификациите Горан Јовановски и победи пред клупскиот колега од МК Цобо спорт, Томислав Арсовски, а трет беше Југослав Милошевски од МК МКД Стрит фајтерз. Неговата сестра и единствена учесничка од понежниот пол Маја Милошевска заврши како четврта.

klasa80_5
Во класата до 80 ссм видовме многу поинтересна борба на 13 натпреварувачи. Уште на квалификациите се увиде дека борбата ќе се води помеѓу четворката од МК Цобо спорт: Крумислав Панов, Бојан Петрушевски, Томислав Арсовски и Атанас Каракачанов, како и Даниел Блажевски од МК МКД Стрит фајтерз. Панов иако повреден, од стартот малку се одвои пред останатите и со сигурно возење дојде до својата прва победа во кариерата за што беше награден со голем аплауз од 500 гледачи, голем дел негови навивачи од Велес. Арсовски, кој настапи во двете класи и Блажевски успеаа да го минат Петрушевски и да завршат на подиумот. Покрај признанијата најдобите во двете класи добија пригодни награди: кациги, јакни и друга мотоциклистичка опрема.

46-panov-pobednik-klasa-1
По позитивните реакции на натпреварувачите и публиката за трката, организаторот МК Цобо спорт ја најави и втората трка која ќе се одржи на истата патека во текот на месец мај оваа година.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk