» Илиоски триумфираше во Грција
спонзор/и

Почетокот на мото сезоната 2009 се покажа како многу успешен за македонските натпреварувачи, претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ). Ова посебно се однесува на Христијан Илиоски кој со две победи над многубројните конкуренти уште еднаш го прикажа својот огромен талент. Вториот наш претставник Гоце Томовски имаше проблеми со мотоциклот и мораше да се задоволи со поскромен резултат. Двајцата настапија на првиот натпревар од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос кој се одржа на патеката во Јаница, Грција изминатиот викенд.

Во класата до 125 ссм, Илиоски (МК Пелистер – Битола) во конкуренција од 41 натпреварувач со атрактивно возење без проблеми во двете возења го освои првото место навестувајќи успешна сезона. Секако со овие две победи тој се качи на највисокото место на подиумот како севкупен победник во својата класа на првата трка сезонава и очекуваме во ист стил да ја продолжи целата 2009 година како на меѓународно, така и на домашно ниво. Во поголемата класа до 250 ссм, Томовски (МК Гоко – Скопје) добро ја започна првата трка, успеа да се пробие до четвртото место во конкуренција на 43 натпреварувачи, но кон средината на трката започнаа проблеми со мотоциклот и на крајот мораше да се задоволи со деветтото место. Во второто возење Томовски повторно немаше среќа, и поради малерот од првото возење се откажа.

Сето ова е одлична најава за вториот натпревар во оваа конкуренција кој следи викендов (14-15.03.2009) на патеката Милци крај Гевгелија. Тоа ќе биде одлична можност за вљубениците на овој атрактивен спорт на дело да видат повеќе од стотина мотоциклисти од десеттина земји. Секако, очекувањата од нашите натпреварувачи ќе бидат уште поголеми со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од публиката.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk