» Илиоски со двоен триумф во Гевгелија
спонзор/и

Македонскиот најдобар натпреварувач во мотокрос Христијан Илиоски ја продолжи победничката серија со тримфот на  вториот натпревар од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос кој се одржа на патеката во Милци, крај Гевгелија. Тој беше убедливо најдобар во конкренцијата од 28 натпреварувачи по двете возења и стана вкупен победник во трката во класите МХ-2 и МХ-2 јуниор со максимални 50 поени. Илиоски повторно ја воодушевуваше 5.000 публика со атрактивните скокови и ги разгали срцата на вљубениците на мото спортот. Зад него беа бугарските претставници Вергов и Колев. Благојче Спировски успеа да стигне до 18. место во јуниорската конкуренција, а севкупно беше 23.

ilioski_42

Почетокот на мото сезоната 2009 во Македонија се покажа како многу успешен за организаторот, Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ). На трката се појавија вкупно 101 натпреварувач од Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција и Македонија.
Во најмалите класи МХ-65 (6 до 12 години) и МХ-85 (11 до 15 години) посетителите имаа можност во живо да се воодушевуваат на умешноста на четириесеттина натпреварувачи. Тие ја претставуваат иднината на  источно-европскиот мотокрос и според прикажаното очекуваме одлични нивни резултати и пошироко. Во МХ-85 видовме комлетна победа на бугарските надежи: Ташев, Иванов и Шевкиев. Нашите две претставнички Фетије Елези и Марија Ќорнакова беа 23., односно 25 место. Кај најмладите убедлив беше Петров (Бугарија) пред својот сонародник Роглев и Томпа (Романија).
img_25841

Во класата МХ-1 најдобар беше Кузис (Грција), пред Радуца (Молдавија) и Кочу (Молдавија). Во конкуренција од 18 натпреварувачи, Мирче Ќорнаков беше 13., а Гоце Томовски не успеа да стартува поради проблеми со мотоциклот. Во класата МХ-3 еден-два победа за Грците Лумдуцкос и Димитриос, пред Христов (Бугарија) и Ердин Касумовиќ (Македонија). Дарко Дејановски заврши како 8. За првпат во Македонија имавме можност да видиме и учесници во класата МХ-АТV (четвороцикли), а на подиумот се качија тројца бугарски претставници: Кушев, Томов и Гочев. Во конкуренција на национални тимови најдобра беше Бугарија, пред Грција и Романија.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk