» Илиоски влезе во историјата
спонзор/и

Суперталентираниот мотокросист Христијан Илиоски (17 години) како претставник на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) влезе во историјата на македонскиот мотоциклизам како прв натпреварувач кој настапил на трка за светско првенство. Имено, Илиоски успеа да го освои 30-тото место на третата трка од годинешниот светски шампионат во мотокрос која се одржи на 12 април на патеката Хезарфен крај Истанбул, Турција.

alim7247
Со оглед на тоа што беше негов прв настап на патеката, Илиоски внимателно го започна својот настап пред се затоа што беше единствен без резервен мотор. На слободните тренинзи и пред квалификациите тој имаше 36 најдобро време во класата МХ2. На квалификациите во саботата Илиоски го поправи пласманот и стигна до стартно 34 место.

alim7285
Во првото возење на неделната трка тој напредуваше уште три места, односно заврши како 31, додека најдобриот пласман со константен напредок го оствари во второто возење стигнувајќи до 29 место. Со оглед дека се работи за млад натпреварувач очекуваме во блиска иднина со поголема поддршка од државните институции и спонзорите, популарниот Кико да се пласира помеѓу првите 20, а со тоа да биде и првиот македонски натпреварувач во мотоциклизам што освоил поени во трките од светскиот шампионат.
Инаку, во класата МХ2 триумфираше Зак Озборн (САД), пред Готие Полен и Марвен Мускен (двајцата од Франција). Сепак, во генералниот пласман Полен го задржа водството пред Мускен.
alim72911

Трката во Турција беше добар тренинг за Илиоски пред новиот настап во рамките на Источно-европскиот шампионат на истата патека на 19 април каде што ќе се обиде да го задржи максималниот досегашен ефект.

There are currently no tags for this post.

Остави коментар

Copyright © 2009 PunGas.com.mk